АСМЛ: Во болницата во Тетово се вработуваат лекари според привилегии

by Fokus

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), реагира дека во тетовската болница не се вработуваат кадри според знаењето и стручноста, туку според привилегии.

Тие на социјалната мрежа Фејсбук објавија листи од освоени бодови од стручен испит што се полага со секој јавен оглас. Исто така, објавија и ранг листа на лекари на специјализација кои се примени.

Како што велат оттаму, бараат да се почитуваат критериумите за пример на нови медицински лица.

„Не сме против вработување на лекари. Им честитаме на примените колеги. Уште пет огласи за вработување да има ќе бидат малку, оти недостигаат лекари во целата земја. Но, бараме да се почитуваат критериумите за прием. Ако во законот се ставени критериуми за вработување на специјализанти, каде покрај англискиот јазик полагаме и стручен испит на прием, бараме тоа да се почитува“, вели Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари за СДК.

Нас не интересира вистината и правдата!Еве ранг листа на сите кандидати, еве и одлука кои се примени, сами проценете!

Publiée par Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ sur Samedi 9 février 2019

Поврзани новости