Власта ќе побара Уставниот суд да ја оцени одлуката на Иванов да го блокира Законот за јазици

by fokus

Се разгледуваат неколку опции за надминување на ситуацијата околу Законот за јазици по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише указот на законот, бидејќи тој кога сака може да ја урниса надлежноста на парламентот, изјави премиерот Зоран Заев.

-Може да се случи следните 30 закони претседателот да одлучи да не ги потпише и повторно да се гласаат. При повторното гласање, Уставот е јасен дека претседателот мора да го потпише законот. Тој може да одлучи да не го потпише, ама тогаш ја блокираме демократијата – рече Заев.

Поврзани новости