Тројца членови од семејството Пајиќ утрово биле пронајдени мртви во нивниот дом во Нови Сад. Како што известуваат српските медиуми, станува збор за сопружниците Бранислав (57) и Нада (57) и нивната 32-годишна ќерка Мирјана Јанковиќ. Тие биле пронајдени без знаци на живот, со повредени на главата.
За бруталното тројно убиство осомничен е сопругот на убиената Мирјана – Горан Јанковиќ (36), кој се уште е во бегство и полицијата интензивно го бара. Според медиумите, неговата сопруга пред две седмици го пријавила за семејно насилство и оттогаш му е изречена забрана за приоѓање. Се претпоставува дека мотивот за убиството е љубомора.
Како што сведочат соседи, за време на убиството мајката Нада извикала: „Зете, задоволен ли си сега?“. За време на тројното убиство, присутни биле двајцата синови на Мирјана и Горан, кои биле сведоци на трагичниот настан. Тие го повикале нивниот вујко на помош, но тој стигнал предоцна.