СЈО: Нема притвор за првоосомничениот во предметот „Тортура“

by Фокус

Специјалното јавно обвинителство не побара притвор за првосомничениот во предметот „Тортора“, кој исклучиво се однесува за начинот за апсење на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, изјави специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска.

– Притворот е мерка за присуство на осомничениот или за непречено водење на истражната постапка. Во случајов, ако се има во предвид дека првосомничениот не е на функцијата на која бил, својството е престанато. Наша обврска е да постапиме по законот, што и направивме – истакна Ристовска.

Претходно, нејзината колешка Фатиме Фетаи рече дека првосомничениот е директор на УБК, кој им издавал наредби на припадници на единицата „Алфи“ за апсењето на Бошкоски со прекуморна употреба на средствата за присилба, со што, според неа, се нарушило неговото човечко достоинство и се дискриминал по основ на поинаква политичка определба.

Поврзани новости