560
Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, ќе пристигне во посета на Македонија.
-Задоволен од првичните надежни сигнали од новата влада. Премиерот Зоран Заев кажа јасно дека сака темелно да се занимава со интеграцијата во ЕУ и дека е искрено заинтересиран за регионално помирување – вели Рот.
Рот ќе го посети регионов од недела до вторник, при што прво ќе пристигне во Белград, каде ќе има средба со премиерката Ана Брнабиќ, како и со министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ, а потоа ќе дојде во Скопје.