Обвинителството постапува по кривичната пријава за Еко Клуб, инспекторатот не открил неправилности

by Фокус

Надлежниот јавен обвинител веднаш по приемот на кривичната пријава за несоодветен третман на отпад од страна на компанијата Еко Клуб издал наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки, информираат од обвинителството за МИА.

Од таму велат дека предметот се наоѓа во предистражна постапка, па засега обвинителството не може да сподели повеќе детали.

Инаку, при последниот надзор во фирмата за медицински отпад, кој бил спроведен во декември, Инспекторатот за животна средина не констатирал неправилност во работењето.

Поврзани новости