Три години по претставувањето на моделот во Европа и над 330.000 возила продадени ширум светот, во Македонија пристигна нов Митсубиши Спејс Стар, кој неодамна имаше и своја европска премиера.
„Во Европа досега се продадени 70.812 возила, а особен „хит“ е овој модел на Митсубиши меѓу купувачите во Германија, каде се продадени дури над 27.000 возила, потоа следуваат Холандија и Британија. Во Македонија е исто така еден од најпродаваните возила во својот сегмент, поради исклучителната економичност, како и секогаш атрактивната понуда на односот вредност наспроти квалитет на производ. Од друга страна, новиот Спејс Стар уште од самиот старт бележи голем успех во продажбата, поради атрактивниот дизајн, но и поради богатата опременост на возилото. Така на пример, уште во првото ниво на опременост, возилото ги нуди сите системи за безбедност АСЦ, ТЦЛ, ЕБД, БАС, 6 воздушни перничиња, систем за помош на нагорнини, висинско управување на возачко седиште и управувач, електрично задвижување на прозори и ретровизори, клима уред итн“, соопштија од Макаутостар.
Ова возило овозможува висок степен на економичност и ниска емисија на ЦО2, поседува технолошки напредната платформа, а новиот модел е поширок и со поголема должина во однос на претходникот.