645
Сериозно размислувам да се кандидирам за лидер на СДСМ, изјави денеска Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекција за Технолошко-индустриски развојни зони.
-Утре ќе ја соопштам конечната одлука. Сакам да се консултирам и со семејството. Сепак ги вовлекувам во ова. Сметам дека имам резултати и можам да понудам добар концепт. Не е лесна одлука, напротив е комплицирано време и треба да е со концепт и знаење – изјави Деспотовски.
Откако кандидатури поднесоа заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и поранешната пратеничка и министерка Фросина Ременски, такво нешто вчера најави и поранешниот организациски секретар на социјалдемократите Миле Зечевиќ.