605
Од 19.458 регистрирани гласачи во Општина Гевгелија, на денешниот референдум за рудниците за злато излегле околу 11 илјади, што значи повеќе од половина, соопштуваат избирачките одбори од 37 гласачки места.
Референдумот беше инициран од групата граѓански активисти „Спас за Гевгелија“, а одлуката едногласно ја донесе Советот на Општината.
Еден од иницијаторите на референдумот, Ангел Наков, вели дека гевгеличани направиле добар избор со тоа што излегле да го остварат своето демократско и граѓанско право на глас.
Токму сега се пребројуваат гласовите кои ќе го одговорат клучното прашање за граѓаните на Гевгелија, па наскоро ќе биде познато дали е исполнет законскиот праг за успешност од 50 проценти плус еден глас.