465
Скопската полиција вчера попладне примила пријава од Градската општа болница „8-ми Септември“ дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода, кое било патник во автобус на ЈСП-Скопје- Д.З. (62) од Скопје.
Повредениот пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот како патник се возел во автобус на ЈСП-Скопје со бр.7 во насока од населбата Лисиче кон населбата Карпош.
„И кога автобусот дошол на автобуска постојка кај Градежен факултет на булеварот „Партизански Одреди“ запрел, а Д.З. додека се симнувал, возачот ги затворил вратите и Д.З. бил притиснат од врата, по што паднал на тротоарот“, стои во билтенот на МВР.