Богојески: Треба да ја заслужиме довербата на граѓани не за 63 туку за 83 пратеници

by Фокус

Не треба да го осудуваме народот што не ни дал поддршка од 63 пратеници, туку треба да ја заслужиме неговата поддршка, реагира иницијаторот за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, на изјавата на генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски.

-Не згреши народот туку ние згрешивме. Ние сме тие што треба да се извиниме, а не народот нам да ни се извинува за тоа што не ни дал доволно поддршка. Ние треба да се покажеме за да ја заслужиме таа поддршка, не за 63, туку за 83 пратеници. Со закани и заплашувања доверба не се гради. Со чиста понуда и со јасен пат кон иднината поддршката сама доаѓа – рече Богојески.

Претходно, Мицковски изјави дека дека моќта е кај граѓаните, потсетувајќи дека не случајно барале поддршка од 63 пратеници на последните парламентарни избори.

 

Поврзани новости