Уште неколку компании за одгледување на медицинска марихуана добија лиценци на почетокот на годинава, откако функционира техничката влада за спроведување на изборите на чело со премиерот Оливер Спасовски.
Како што е објавено на Службен весник, на 41-та владина седница оддржана на пред 5 дена (15.02.2020), две компании добиле согласност за одгледување на канабис за медицински цели, меѓу кои „Сејф Фарма“ од Демир Капија и „Чилам“ регистрирана во Скопје.
Еден ден претходно, пак, се оддржа 38-та владина седница, на која владата и издала согласност за медицинска марихуана и на скопската компанија „Еурокан Земјоделие“.
Во истиот период, односно на 25-тата владина седница (11.02.2020 година) согласност добиле и компаниите „МБ Биоцентрум“од Скопје и „Маријупхарма“ од Богданци.
Инаку, парламентот не успеа да го изгласа новиот Законот за опојни дроги и психотропни супстанци, кој предвидуваше извоз не само на екстракт од марихуана, туку и на сув цвет.
В.С.