Асанж во лоша здравствена состојба и не можел преку видео линк да се јави на рочиште

by fokus

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е премногу болен за да може преку видео линк да се појави на рочиште за екстрадиција во САД по барање на Вашингтон, изјави денеска неговиот адвокат.

САД побараа екстрадиција на Асанж кога беше уапсен во еквадорската Амбасада во Лондон на 11 април. Тој се соочува со вкупно 18 точки од американското обвинение и со повеќедецениска казна затвор ако биде осуден.

– Тој всушност е далеку од добро здравје, изјави неговиот адвокат Гарет Пирс.

Судијката Ема Арбутнот изјави дека „тој не е баш најдобро“.

Поврзани новости