Асанж осуден на 50 недели затвор

by fokus

Британскиот суд го осуди на 50 недели затвор основачот на Викиликс, Џулијан Асанж поради прекршување на условите за кауција. 47 годишниот Австралиец беше прогласен за виновен за прекршување на законот за кауција по неговото апсење во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Асанж се засолни во амбасадата во 2012 година за да ја спречи неговата екстрадиција во Шведска каде се соочува со обвинувања за сексуален напад и силување. Асанж ги негираше обвинувањата.

Случајот беше повлечен минатата година. Асанж сега се соочува со американски федерални обвиненија поврзани со протекувањето на владини тајни. Британските власти треба да донесат одлука дали ќе го екстрадираат Асанж во САД.

Поврзани новости