Асани го повика Мицкоски да ја купи Славија

by Фокус

Директорот на Агенцијата за управување со одмземен имот, Фатон Асани, денеска реагираше дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнела невистини во врска со продажбата на акциите на АД Славија.

За потсетување, партијата тврдеше дека власта сака да ја продаде Славија за 218.535 евра, иако имотот, како што тврди партискиот портпарол Димче Арсовски, вреди над 20 милиони евра.

Но, Асани вели дека вредноста на компанијата е далеку помала од 20 милиони евра. Според него, имотот низ годините е распродаван на парче и зад затворени врати. Како што истакна, 70 отсто од Славија досега е распродадена.

-Треба да разграничиме – едно е имот, а друго е продажба на акции. Цената на акцијата денес вреди многу помалку. Би го повикал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се пријави на продажба и да ги преземе и долговите – рече Асани.

Афера „Славија“: Имот вреден 20 милиони на продажба за 200 илјади

Поврзани новости