346
Бекир Асани од ДУИ во вчерашното интервју за порталот „Мактел“ упати навреди кон претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани.
-Имам порака за Селмани-ако е маж и знае да навреди, тогаш треба да прифати навреда. Ако имало закана од брат ми , не треба да се плаши. Јас сум тој што треба нешто, ако треба за заканите. Не е убаво наутро да е маж, а навечер да легнува како жена. Нека биде маж и нека не оди потоа да плаче по амбасадите. Ако било тоа , да сум прифатил навреда од Насер, нека биде тогаш фитбекот и кон него од мене, изјави Асани.