Бекир Асани се уште не дал исказ во јавното обвинителство, потврдуваат за ТВ 24 од обвинителството. Не откриваат причини зошто Асани се уште не е повикан за инцидентот со полицајката кај Мавровка.
Тој пак за ТВ 24 вели дека бил достапен на обвинителите 24 часа и ако добие покана ќе се појави. Им порачува на обвинителите да не потпаѓаат под притисоци на јавноста и бара правично и праведно да го расчистат случајот врз основа на дадените изјави.
Асани вели дека постојат снимки од видео камери кој што можат да ги обезбедат, а кои докажуваат дека критичниот ден имало само вербална расправија, а не и физички контакт.
Фуинкционерот на ДУИ вели дека е мета на хајка на јавноста, а на полицајката Јасмина Јаначковска и се извинува за евентуалното навредување.