517
Првиот човек на ДУИ во Чаир, Беќир Асани, се наоѓа во полициската станица во Бит Пазар каде е повикан даде исказ откако утринава нападна полицајка, информираат од полицијата.
Според информации од полицијата Асани ја нападнал полицајката затоа што пајак му го собрал возилото на крстосницата на булевар “Гоце Делчев” и улица “Филип Втори” во Скопје. Освен што вербално ја нападнал, Асани се однесувал и агресивно кон полицајката, поради што биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот.
Асани е претседател на општинската организација на ДУИ во Чаир.