Асаф Адеми го „шутна“ Златко Теодосиевски од Министерство за култура

by fokus

Колумнистот и ликовен критичар, Златко Теодосиевки, не е повеќе советник на министерот за култура за креирање на културни политики. За време на божиќните празници тој добил известување од Министерството дека неговите услуги не се повеќе потребни.

Теодосиевски на својот фејсбук профил го објави известувањето кое Министерството го испратило на 3-ти јануари.

„Меѓу првите честитки во Новата 2019 ми беше и од министерот за култура со известување дека „нема потреба од мое понатамошно ангажирање како стручно советодавно лице за креирање на културни политики за 2019 година“. Јас, наивен, мислев дека реформите допрва почнуваат, а тие штотуку – завршиле!
Но, од друга страна, мислам дека министерот ми направи услуга да не бидам соучесник во тоа што следува. Морам да најдам начин да му се заблагодарам“, напиша Теодосиевски.

Меѓу првите честитки во Новата 2019 ми беше и од министерот за култура со известување дека „нема потреба од мое…

Publiée par Златко Теодосиевски sur Lundi 14 janvier 2019

Тој беше поставен за советник за култура во 2017 година од страна на претходниот министер, Роберт Алаѓозовски. Нема објаснување зошто новиот министер, кадар на БЕСА, Асаф Адеми, одлучил да ја прекине соработката со него.

Теодосиевски изминативе години неколку пати беше мета на критика. ВМРО-ДПМНЕ реагираше на неговото поставување обвинувајќи дека се работи за партиски војник. Во окромври 2017 година, пак, продуцентката Лабина Митевска побара од премиерот да го отпушти Теодосиевски поради неговите ставови дека во филмот режиран од нејзината сестра има говор на омраза против Албанците.

Поврзани новости