Нов директор на Фондот за здравствено осигураување е Асаф Абдурамани, откако претходно Фатон Ахмети објави дека се повлекува од функцијата.
„Владата, на денешната седница, ја констатираше оставката на Фатон Ахмети од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Владата го именуваше Асаф Абдурамани за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија“, соопшти Владата.
Фатон Ахмети претходно соопшти дека се повлекува од фукцијата за да се посвети на визијата на Али Ахмети.
„Секоја задача има свој почеток и свој крај. Денеска објавувам дека поднесов оставка од функцијата генерален директор на ФЗОМ. Ви благодариме за плодната поддршка и соработка во овој период. Ви благодарам за поддршката и плодната соработка при извршување на ова функција. Мојот ангажман ќе го продолжам фокусирајќи се на партиските задачи, со максимална посветеност во остварување на визијата на Али Ахмети“, објави Фатон Ахмети.
Тој е генерален секретар на ДУИ од октомври лани кога на централно претседатество на пртијата се решаваа проблемите мегу давата соротивставени табори “огнените” и “артанистите”. Во неговата биографија на сајтот на фондот покрај образованието работноо искуство и вештините истакнат е и податокот дека е член на ДУИ од 2005та година.