1.1K
СДСМ и ДУИ воведуваат нова неофицијална „титула“ во Владата, а тоа е прв вицепремиер. Тоа ќе биде министерот за политички системи, односно Артан Груби.
Одговарајќи на новинарско прашање, Зоран Заев рече дека ова не е вовед во федерализација и нема да има врзани потписи.
-Прв вицепремиер значи дека е заменик на премиерот кога е отсутен за да ги води седниците или да прими делегација. Нема менување на закони и нема врзани потписи. Ова е за подобра координација меѓу двете политички партии за преземање одговорност, како и за чест. Самиот министер за политички систем ќе биде прв вицепремиер, Артан Груби, а другите тројца ќе бидат вицепремиери во соодветните ресори, рече Заев.