Артан Груби си вработил роднина во министерството?

by fokus

Вицепремиерот за политички систем, Артан Груби вработил негов роднина во Министерството, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според објавената одлука за вработување, Стоилковски вели дека Сезар Груби, роднина на вицепремиерот, бил вработен на работно место „самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење“.

– Ова е директен непотизам и е во спротивност со Законот за спречување на корупција. Не само реакција на Груби и на владата, очекуваме реакција и на ДКСК и на сите други соодветни институции, веднаш да го испитаат случајот и да се поништи одлуката за вработување на роднината на Артан Груби, рече Стоилковски.

Поврзани новости