Од Беса предупредуваат на сличности меѓу косовскиот министер за инфраструктура Пал Лекај и Артан Груби.
Пред неколку дена Лекај беше осуден за исплата на 53 милиони евра што косовската Влада ги исплатила на „Бехтел-Енка“ за продолжување на рокот за завршување на работитр на автопатот „Арбен Џафери“
„Дали можеби има сличности помеѓу случајот на Пал Лекај и Артан Груби? За жал, сомнежите во јавноста се преголеми. Самиот факт што Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10Д, кој чини над 1,3 милијарди евра, беше најавен како таен договор меѓу нашата Влада и компанијата „Бехтел-Енка“, во јавноста покрена многу сомнежи за можна злоупотреба. Сомнежите за евентуални манипулации на Артан Груб ги засилува фактот што тој преку своите министри во Владата се огласи како координатор за изградба на коридори.
Сомнеж покрена и Антикорупциската комисија од каде велат дека не го прифаќаат договорот во целост и истиот е во недостиг на потпишани жалби.
Замислете, помина речиси една година откако е потпишан договорот со Бехтел Енка и досега не е изграден ниту еден метар од автопатот. Но, од април минатата година до сега, Владата на “Бехтел Енка” ѝ исплатила 235 милиони евра за 0 метри автопат.
Сега Владата треба да излезе и да каже за што се исплатени тие 235 милиони евра на „Бехтел-Енка“, колку скриени договори потпишал Артан Груби и каде завршуваат овие пари. Бидејќи уште ништо не е изградено, можеби СОРАВИЈА, ЕВРОВИА и ЛОТАРИЈА уште продолжуваат да се збогатуваат!
Ако техничкиот премиер е човек со кредибилитет и не се плаши од Артан Груби, нека го објави јавно комплетниот договор и сите жалби потпишани за изградба на „Коридорот 8“. Над 1 милијарда евра за изградба на автопатот ќе бидат исплатени од џебот на граѓаните и тие треба да знаат каде се вложуваат нивните пари и во чии џебови завршуваат! Ако се плаши Талат, разбираме, нека молчи, а можеби Артан Груби ќе го замени на позицијата технички премиер.
Но едно е сигурно! Додека се исплатени стотици милиони евра и не е изграден ниту еден метар автопат, во секоја улица и уличка цветаат казини и обложувалници.
Единствената причина поради која се сомневаме за доцнењето на изградбата на автопатот е тоа што можеби Артан прво ги подготвува местата за казината покрај автопатот, а потоа ќе го изгради истиот“ порачаа од Беса.