На вчерашната средба на првиот вицепремиер Артан Груби со амбасадорот на Албанија, Река, не останаа незабележани неговите пинк чорапи и вратоврска.
Тој и во минатото знаел да изненади со изборот на боја на чорапите, која ја комбинира со вратоврската, но овојпат розовите чорапи биле со намена, да пренесат порака.
Како што појаснил Груби за Репортер.мк, Владата вчера за прв пат се вклучила во кампања за обележување на меѓународниот месец на борба против рак на дојка, со тематска седница.
Со цел подигање на свеста и посериозна перцепција на болеста, тој ја избрал розовата боја.
Освен Груби, во минатото и Никола Димитров често се појавуваше на официјални настани во чорапи со впечатлив дезен.
Канадскиот премиер Џастин Трудо пак, одамна е познат по тематските чорапи. За Парадата на гордоста носеше чорапи со виножито, на средба со НАТО носеше еден розов и еден син чорап со знамето на НАТО, се има појавено на настани и со чорапи со листот од знамето на Канада, односно во секоја пригода се труди да ги вклопи и истакне чорапите како моден детал со порака.
Вики Клинчарова