Поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се ставени на црната листа на САД, објави Стејт Департментот на својата страница.
Тие јавно се означуваат за нивната вмешаност во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, соопшти Стејт Департментот.
„Дел од акцијата на Стејт департментот вклучува и означување на членовите на потесното семејство на Артан Груби. Оваа мерка претставува јасен сигнал за поддршка на владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија“, се наведува во соопштението од Стејт депарментот.
Минатата година во декември, САД на црната листа го ставија и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, а од претходно се Сергеј Самсоненко, Орце Камчев, Ратка Камчева, Сашо Мијалков, Никола Груевски и Рамиз Мерко.