Арсовски: Зошто владата дели лиценци за канабис во вонредна состојба?

by Фокус

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето на Канал 5 го праша Костадин Костадинов од СДСМ зошто владата доделува лиценци за марихуана во време на вонредна состојба?

-Верувам дека седум дена имаше прилика да се распрашаш и да се запознаеш со случајот и уште еднаш би сакал да те прашам бидејќи седум дена молчи вашата пи-ар служба, вашата партија, вашите функционери, Владата молчи. Еве да те прашам уште еднаш дали праша поради која причина, зошто била задолжена владата да даде две лиценци на веќе познати фирми од струмичко – праша Арсовски.

Притоа, тој посочи дека едната фирма е на Тони Котев, претседател на СДСМ во Ново Село, а во втората фирма менаџер е синот на осудениот градоначалник за шверц со цигари Боро Стојчев.

Поврзани новости