602
Одлуката Мухамед Зеќири да биде назначен за нов генерален секретар на Владата е донесена врз основа на она што го има постигнато во неговата професионална кариера, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.
– Се зема беграундот и она што Мухамед Зеќири го има постигнато во неговата професионална кариера и врз основа на тоа е донесена одлуката на предлог на премиерот, рече Арсовски, прашан дали има судир на интереси во назначувањето на Зеќири со оглед на тоа дека се кумови со премиерот.
Владата вчера на седница донесе повеќе кадровски решенија меѓу кои и назначувањето на Зеќири за нов генерален секретар на Владата по разрешувањето на досегашниот генерален секретар Драги Рашковски.