Портпаролот на Владата, Душко Арсовски денеска уште еднаш го повтори ставот на Владата во врска со случајот со Сашо Мијалков, дека институциите ги превзеле сите редовни и вонредни мерки за неговото бегство и оти тој веќе е во домашен притвор. Потенцираше дека Владата нема да толерира ситуации коишто ја уриваат довербата во системот.
-Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки за бегството на Сашо Мијалков. Тој се пријави во обвинителството и обезбеден е неговиот домашен притвор. Координацијата на сите институции со сите активности што се презедоа во изминатите два дена дадоа резултат. Владата потврди дека нема да толерира ситуации коишто ја уриваат довербата во системот. Правдата е обезбедена. Тоа е најважно и премиерот Зоран Заев синоќа ги објасни деталите од овој случај, рече Арсовски.
Тој не одговори на прашањето дали Владата има информации каде бил Мијалков, туку само додаде дека во моментот кога ќе имаат нови информации ќе ги објават.