Арсовски за бегството на Мијалков: Со овој случај се пушта низ вода Спасовски

by Fokus

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Што не е јасно“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој се на актуелните случувања во врска со бегањето на некогашниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.

„Министерството за внатрешни работи во овој случај се покажа како тотално нефункционално и непрофесионално. Независно од тоа дали Спасовски постапува по некоја насока на неговиот претседател Заев, сепак ваквиот чин претставува пример за тоа како функционира држава во која владее хибриден режим. Зоран Заев ќе ја користи оваа прилика да расчисти со своите функционери и сметам дека со овој случај се пушта низ вода Спасовски“, истакна Арсовски.

Поврзани новости