Арсовски: Власта ја задолжи државата за 400 милиони евра за девет месеци

by Fokus

Власта ја задолжи државата за  скоро 400 милиони евра за 9 месеци.  Откако СДСМ ја презема власта, долгот  не престанува  да се зголемува, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секое едно семејство во државата е задолжено со 720 евра за само 9 месеци. Тоа се пари кои со камата ќе ги враќаат идните генерации. Ова се скоро 400 милиони евра кои власта ги зема без покритие, без со нив да се финансира дефицит или капитални инвестиции кои и онака се на историски најниско ниво. Ова  се пари за кои власта  не кажува  на што се трошат. Ова се пари практично кажано фрлени низ ветер – тврди Димче Арсовски, портпарол на опозициската партија.

 

Поврзани новости