Арсовски: Вице Заев лично отиде во полиција со закана до полицајците

by Fokus

Шерифското однесување на семејството Заеви кои мислат дека се над законот и дека поседуваат сѐ и секого во државава, стигнало дотаму, да Вице Заев лично отиде во полиција да се заканува врз полицајците и на најшерифски начин да сака да го прикрие случајот, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Е па друже Вице Заев, за жал мораме да те разочараме, заврши тоа време кога можевте да криете и прикривате полициски случаи да не излегуваат во јавност. Ова најдрско и најшерифско однесување на кршење на законите мора да заврши еднаш – засекогаш. Ништо повеќе не е семејството Заеви од кој било друг граѓанин во Република Македонија кој ги почитува законите на својата држава – вели Арсовски.

Поврзани новости