Во текот на вчерашниот ден беше оштетено возилото на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Тој за „Фокус“ порача дека ваквиот чин доволно ја отслукува состојбата на државата и владејачката партија.
„Вандалскиот чин со кршење на автомобилот го доловува само очајот и немоќтта на сторителите. Ова не е прв пат да има обиди за нанесување штета на мојот автомобил, како и не е прв пат да се нанесе материјална штета на било кој партиски член на ВМРО-ДПМНЕ кој силно верува и се бори против лошите политики, неспособноста и некадарноста на оваа Влада на СДСМ. Кукавичкиот чин кој вчера се случил во вечерните часови на еден од паркинзите на ПОЦ во центарот на Скопје, само ја отсликува реалната слика во нашата држава, а тоа е дека СДСМ и нивните пајташи и бандити се однесуваат како на дивиот запад и се обидуваат да се пресметаат со секој неистомсленик. Сметам дека ова е резултат на моите чести критики и напади кон погрешните политики и откривање на криминалните афери на оваа криминална Влада на СДСМ. Очекувам дека заканите и притисоците како до сега, така ќе продолжат и понатака, но ја уверувам јавноста дека нема да ме замолчат и нема да ме заплашат, бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината за криминалот на СДСМ кој секојдневно цвета. Ова е уште еден доказ дека во нашето општество наместо демократија, владее криминал и вандализам“, истакна Арсовски.