Арсовски: Според Стејт Департментот корупцијата и криминалот се најголем проблем во земјава

by Fokus

Корупција и криминалот на функционерите на СДСМ во владата се најглавниот проблем во Република Македонија, за кој ние како политичка партија говориме целиот изминат период откако Зоран Заев е на власт, реагираат од опозициската партија.

„Зоран Заев и СДСМ донесоа само криминал, корупција и рекетирање. Стејт Департментот во најновиот извештај нотира дека Високата корупција е и натаму голем проблем во државата, а постојат и извештаи каде што државни службеници се вклучени во корупција. Ова е најглавниот проблем, еден од многуте на оваа влада. Сериозен проблем за човековите права во Македонија претставуваат ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање, што и натаму ја спречуваат ефикасноста на борбата против корупцијата – истакна портпаролот Димче Арсовски.

Според него, Зоран Заев и СДСМ, наместо да се борат против корупцијата, тие заедно со функционерите, заедно со Катица Јанева и другите се вмешани во најголемиот случај на РЕКЕТ.

„Заев наместо да се бори против корупцијата, тој ја прошири на целата територија на Република Македонија. Претходно беше само во Струмица, а сега е во целата држава. Многу важно е да се потенцира дека во најновиот извештај стои дека новинарите и медиумите се предмет на насилство и заплашувања. Во моментов имаме пресуди против новинари кои се критички настроени кон владата, притисоци врз медиуми, се вршат истраги врз медиуми кои ја изнесуваат вистината за криминалот на власта и најверојатно наредната година кога ќе излезе извештајот за 2020 година сите овие работи ќе бидат нотирани – додава Арсовски.

 

Поврзани новости