778
Политичкиот аналитичар Петар Арсовски во гостувањето во ТВ 24 говореше за 100 дена од работењето на Владата на Македонија.
Според него, надлежните луѓе мора да преземат сериозни чекори за трошоците за живот, кој стана исклучително тежок по војната во Украина.
„Се случи војната во Украина, пандемијата не е завршена, економска и енергетска криза, така што можам да констатирам дека оваа Влада има поголем дел од порција на лоша среќа. Таа и не ја наследи државата во идеална ситуација и како технократска влада го прави истото како и сите влади. Мора да ги намали трошоците на живот кај средната класа за да го задржи квалитетот на живот и тоа нема како да се случи освен со задолжувања“, истакна Арсовски.