Арсовски: Шеќеринска си купува 11 возила за 9,5 милиони денари

by Fokus

Уште еден нов скандал на криминалниот картел на Зоран Заев и на СДСМ. Криминалниот картел на чело со Зоран Заев повторно продолжува преку сомнителни тендери да испумпува милиони на сметки на фирми блиски до СДСМ, ова на прес конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Министерството за одбрана на чело со Радмила Шекеринска распишува повик, а Делукс – Ауто од Куманово, инаку многу познат донатор на СДСМ во повеќе кампањи наназад го добива тендерот во висина од девет ипол милиони денари, при што набавени се 11 возила од марката Шкода. Прашуваме како е можно Делукс – Ауто од Куманово, фирма која што не е генерален увозник на возилата од марката Шкода, туку само дилер од втора рака, се јавува како фирма која е поповолна од фирми кои што се генерални застапници на истите возила во Република Македонија? Фирмата Делукс – Ауто, која што е дилер на возила, не е и не може да биде поевтина од било кој генерален застапник на истите возила. Единствена предност на оваа кумановска фирма е тоа што се јавува на донаторските списоци на СДСМ каде што Радмила Шекеринска е заменик претседател, вели Арсовски.

Тој прашува дали СДСМ и Радмила Шекеринска со пари од граѓаните ги враќаат долговите кон фирмите донатори во партиските кампањи на СДСМ?

 

Поврзани новости