Фискалната стратегија на министерството за финансии која го проектира долгот на државата до 2021 година е загрижувачка. Владата на Заев и министерот Тевдовски до 2021 година според нивната фискална стратегија ќе го зголемат јавниот долг на неверојатни 6,1 милијарди евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Над 6,1 милијарда евра ќе биде долгот на граѓаните до крајот на мандатот на Владата на СДСМ. Заев кога стана премиер, а Тевдовски министер, долгот на државата беше 4.7 милијарди евра. Значи, за оваа и наредните две години Заев и Тевдовски ќе го зголемат долгот на државата за нови 1.5 милијарди евра. Секое четиричлено семејство до крајот на мандатот на оваа криминална Влада ќе биде задолжено за близу 13.000 евра – изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.