Арсовски: Се уште не е утврдена цената по која Бугарија ќе не снабдува со електрична енергија!

by Fokus

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедени 76 милиони евра за нови антикризни мерки. При крај е дизајнирањето на новиот пакет и се очекува на една од наредните седници на Владата да се расправа за оваа точка, информира портпаролот на Владата, Душко Арсовски на денешната прес-кофнеренција во Владата.

Мерките, како што посочи тој, ќе бидат насочени првенствено за ранливите групи граѓани кои имаат најголема потреба за помош, а дел кон стопанството

-За исправноста на начинот на кој беше менаџирано со оваа криза која трае од минатата година доказ се и претходните пакет мерки. Да почекаме, очекуваме на една од наредните владини седници да се расправа за оваа точка, рече Арсовски.

Прашан дали е точно дека Бугарија ќе не снабдува со електрична енергија по цена од 420 евра по мегават час, Арсовски рече дека се уште не е утврдена цената.

– Се уште не е утврдена таа цена. Од минатата недела активна е работната група на двете влади. Целта на посетата на владината делегација во Софија беше да се добие цена која ќе биде под берзанската, така што да почекаме работната група е активна кога ќе има повеќе детали ќе се знае точно и за цената по мегават час, посочи Арсовски

Поврзани новости