Арсовски: Новата влада е криминална со истрошени транзициски кадри

by Фокус

Партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на денешната прес-конференција на која ја обвини власта дека под нејзино влијание Регулаторната комисија за енергетика ја поскапела струјата, истакна дека дополнително ќе известат како ќе се постават при гласањето за избор на нова влада во парламентот.

-Тука би имал само да додадам дека се работи за ненародна, криминална влада со транзициски кадри којашто секако не ја добива довербата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи е една од најкриминалните влади со најкриминалните кадри, истрошени транзициони кадри коишто ги има Република Македонија. Но, за начинот на дента на гласање ќе бидете дополнително известени – рече Арсовски.

Тој го повтори ставот во однос на барањата на поранешни и сегашни партиски и јавни функционери за оставка на партискиот лидер Христијан Мицкоски, истакнувајќи:

Во однос на тоа прашање, за барањето на оставка од поранешни функционери кои што одлучиле да слугуваат на Зоран Заев, наместо да се борат против неговиот криминал, не би имале што повеќе да додадеме и веќе неколку пати го имаме кажано нашиот став. Претседателот на партијата, господинот Мицкоски, е тука со секојдневните свои тековни обврски“.

Поврзани новости