Арсовски: Никола Саздовски е брутално убиен, бараме оставка од Спасовски!

by Fokus

Денес сме сведоци дека уште еден млад живот е изгубен. 21 годишниот Никола Саздовски им подлегна на повредите откако пред 10 дена на автобуска постојка беше избоден од тројца напаѓачи. За жал, овој случај не е ниту прв, а за жал со заштитничкиот однос на власта кон криминалот, веројатно нема да биде ниту последен, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес конференција.

-Оливер Спасовски во најмала рака мора уште веднаш да си поднесе ОСТАВКА! Бараме да се најдат веднаш сите сторители, бараме делото да се квалификува како убиство, а не да се покрива со некакво насилство. Исто така бараме соодветна казна за сторителите на ова срамно и кукавичко дело. Ова е најмалку што може да се направи за малиот Никола Саздовски, да може да почива во мир. Овде не станува збор за насилство, туку како што видовме за брутално убиство – вели Арсовски.

Има ли поголем апсурд за правниот систем кога против напаѓачите МВР поднесува само кривични пријави за насилство, а млади момчиња ги губат своите животи? – рече Арсовски.

Тој потсети и праша имаа ли поголем апсурд кога Владата и МВР најпрвин прикриваат, а потоа заташкуваат убиство на исто така млад човек Мартин Јанушев?

-Има ли поголем апсурд кога пред само неколку месеци имаше исто прободено малолетно дете на автобуската постојка Рекорд, во самиот центар на Скопје тоа беше некаде на 1-ви Март, а министерот Спасовски и СДСМ ја лажат јавноста за професионално работење – додаде Арсовски.

Стапката на криминалот во последните година дена, додаде портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, е зголемена до плафон.

-Само за една година имаме случај каде што е убиен Мартин Јанушев пред својот дом, имаме убиство на младо 24 годишно момче кое што е убиено во Чаир непосредно пред својот дом, имаме прободено дете од „Комити“ на Рекорд кое се бореше за својот живот, имаме убиство во Мала Речица и уште редица многу други криминални случаеви. За жал сите овие случаеви, без конкретни разрешници, каде што сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе добијат соодветни казни за она што го сториле.

 

 

Поврзани новости