Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, изјави денеска дека партијата нема информација каде е Никола Груевски, кој веќе втор ден се бара за издржување на затворската казна.
-За статусот на неговиот фејбук профил ми кажаа колегите додека се подготвував за прес конференцијата. Немам информации каде е и што прави – рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес конференција во партиското седиште.
Како што рече Арсовски, со Груевски последен пат имал контакт пред 9 до 10 месеци, а немаше информација кога со него последен пат се видел лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Арсовски немаше коментар ниту за делот од статусот на Груевски каде тој пишува дека добивал закани.
-Немам нфроамции за заканите кои ги добивал, но верувам дека е така – рече тој.