Арсовски: Најголем проблем на СДСМ досега беше ефикасното владеење

Стабилноста на владејачката коалиција ќе зависи од реформите и проблемот со Бугарија, вели тој во изјава за неделникот Фокус.

by Фокус

Во моментов, рано е да се прогнозира колку суштински и сеопфатни ќе бидат промените во СДСМ и Владата, вели политичкиот аналитичар и комуниколог Петар Арсовски, во изјава за најновиот број на неделникот Фокус. Според него, клиентелизмот, корупцијата, економскиот напредок и ефикасната испорака на државните сервиси кон граѓаните (технократијата) се најголемите проблеми на оваа Влада и на нашето општество воопшто.

-Ако Димитар Ковачевски успее да го испорача она што го ветува, тоа би било полезно и за него и за граѓаните. Сепак, досега во јавноста владееше впечаток дека СДСМ полесно ветува отколку што испорачува, и тој со таа перцепција ќе треба да се избори, како стереотипна предрасуда за партијата која сега тој ја води – истакнува Арсовски.

Тој посочува дека новиот премиер се соочува со предизвикот да ја задржи и одржи коалицијата и мнозинството стабилно, што, според него, ќе зависи од тоа колку ќе биде успешен во најавените реформи, како и од проблемот со Бугарија. Ако до јуни нема некаков напредок по двете прашања, тој смета дека коалицијата ќе се дестабилизира.

-Следниот приоритет е да ја поврати разнишаната доверба на јавноста во испораката на политики од страна на Владата и СДСМ. Надминувањето на пандемијата и економско-енергетската криза, исто така, се негов приоритет. Најважно е да покаже промена во ефикасното владеење, што беше најголемиот проблем на СДСМ досега – порачува Арсовски.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

В.С.

Поврзани новости