Арсовски: Најголема веројатност е дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе влезат во вториот круг

by Fokus

Аналитичарот Петар Арсовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на тв21 истакна дека најголема веројатност е дека кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе влезат во вториот круг на претседателските избори.

„Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се уште имаат поголем број гласови од што било кој од овие два кандидата. Најголемата веројатност е дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе влезат во вториот круг. Еден интересен феномен кој се појави на овие избори е дека збирот на рејтинзите на албанските партии заедно прв пат го надминува рејтингот на една македонска партија а тоа е СДСМ“, вели Арсовски.

Тој истакна дека градоначалникот на Гостивар и кандидат за претседател – Арбен Таравари направил промена во динамиката на расположението на гласачкото тело која ќе создаде сериозен предизвик за ДУИ.

Според него, тоа е така бидејќи за прв пат имаме еден консолидиран опозициски блок кој се спротиставува во една де факто дихотомија, ако се исклучи партијата на Зијадин Села за која не знаеме како ќе иде на избори.

„Сите незадоволни гласачи ќе имаат каде да го истурат своето незадоволство, и тоа ќе создаде еден сериозен предизвик“, додава Арсовски.

Поврзани новости