СДСМ и оваа власт е среде огромен скандал на крадење струја, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
-Копањето криптовалути преку машини во подрумите на ГТЦ, изминативе 3 години дуќанџиите, односно сопствениците на дуќаните и оние кои што имаат таму или водат бизнис ги чинело милиони евра. Од сопственици на бизниси ги доведоа на питачки стап.
Обидот за цензура од страна на ГТЦ е пуштен на најјако, откако завчера раководството на ГТЦ се обиде да прекине моја прес конференција пред влезот на канцелариите, а истиот ден се обидоа и да прекинат мирен протест и им забрануваа да говорат пред медиумите на сопствениците на дуќаните во ГТЦ, ова нема да помине.
И Ѓоко Трајчевски и Трајанка Тасевска, кои се кадри на СДСМ и партиски штитеници на Зоран Заев, во ниту еден случај нема да замолчат никого. Единствено што можат е да си подготвуваат одбрана и да им објаснат на сопствениците на дуќаните колку пари им е направена штета изминативе години и дали и на кој начин ќе им надоместат, порача портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.