Арсовски: Која е поврзаноста меѓу Филипче и скандалозниот бизнисмен Илир Рапај?

by fokus

Венко Филипче молчи за скандалозниот тендер за стерилизација. За жал тендерот за стерилизација не е прв пример како јавно се местат тендери за компании по мерка на министрите, а за жал нема да биде ниту последен, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој му порача на министерот за здравство да не ја чека метлата и веднаш да ги поднесе оставка.

-Венко Филипче после ваков јавен блам каде што целата држава знаеше кои луѓе и фирми од Албанија ќе го добијат тендерот за стерилизација во здравството треба уште веднаш да си поднесе оставка и не треба да ја чека метлата. Филипче уште веднаш треба да објасни која е поврзаноста помеѓу него, помеѓу луѓе од Владата на Заев и скандалозниот бизнисмен Илир Рапај кој е тесно поврзан со двете фирми кои се активни на тендерот за стерилизација. Фирмите „Е вита“ Албанија и „Стери Мед“ Италија се поврзани со скандалозниот Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери од Албанија и Италија. Конзорциумот Инвестал каде што има 40% од акциите Илир Рапај е поврзан со фирмата „Е Вита“ Албанија, а е составен од 3 компании – посочува тој.

Арсовски открива дека истиот тој Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.

-За фирмите поврзани со Илир Рапај кои вршат стерилизација во Албанија веќе се води истраги. Стерилизацијата во Албанија крахираше. Медиумите таму секојдневно пишуваат за лошото искуство со овој тип на стерилизација, а конкретно за лошото искуство со фирмите и со бизнисменот Илир Рапај. Монопол за стерилизацијата не смее да има во Република Македонија. Граѓаните највеќе ќе страдаат и сето ова ќе оди на нивен грб и нивна штета. Затоа, Венко Филипче уште веднаш да си даде оставка и да ги тргне криминалните раце од здравството – истакнува Арсовски.

Поврзани новости