Арсовски: Изборните резултати ќе влијаат врз владата

by Фокус

Општ заклучок е дека на овие локални избори и во вториот изборен круг не се случи референдумско изјаснување, истакна политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

-Во таа смисла, излезноста не е варијабла за расположението на гласачите. Резултатите од првиот круг најмногу ќе влијаат врз резултатите во вториот круг. Но, наивно е да се толкува дека резултатите од вториот круг нема да влијаат врз политичкиот амбиент, зашто таков наратив се наметна – рече Арсовски на Сител.

Тој посочи дека тенденцијата од првиот круг обично се засилува во вториот круг, бидејќи, како што рече, победникот наметнува победнички генерален наратив, а има влијание и проценката како се движи политичкиот тренд.

-Притисокот на резултатите ќе оди во правец на оставка за Заев. Ако резултатите се драматични во полза на опозицијата, ќе создадат притисок внатре во СДСМ за промена и ќе влијаат како СДСМ ќе продолжи да владее. Дали во ваква ситуација ВМРО и Левица може да создадат коалиција за ново владеење или нови парламентарни избори – рече Арсовски.

Поврзани новости