606
Владините портпароли Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција не потврдија дали Владата на затворениот дел од вчерашната седница одлучила Бесмира Ејупи да биде назначена за генерален конзул во Њујорк, САД.
-На отворената седница на Владата немаше точка со ова кадровско решение, рече портпаролот Душко Аврамовски во одговор на новинарско прашање дали на вчерашната затворена седница на Владата поминало кадровското решение Бесмира Ејупи да биде назначена за генерален конзул во Њујорк.
Прашани дали луѓето како Бесмира Ејупи кои ги праќаме за генерални конзули ги исполнуваат квалификациите кои се бараат од нив, портпаролот Муамет Хоџа рече дека на вчерашната владина седница не е дискутирано по ова кадровско прашање.