Арсовски: Грантови од 2.400.000 денари за рецепт за пица

by Fokus

Фондот за иновации чија основна работа е поддршка на иновации, наука и слична работа, не работи во ни малку сличен капацитет и насока за тоа што е создаден, изјави за медиумите, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– СДСМ и Коста Петров наместо да работат за тоа што се платени, тие бараат рецепти за пица од старите римјани што потекнувале пред 2.000 години, за да ги поддржат со грант. И за таа пица, за таа рецепта на одредена фирма од Гостивар од каде што потекнува Коста Петров доделува грант од 2.400.000 денари, само за некоја фирма од Гостивар да ја примени рецептата старата тајна на римјаните од пред 2.000 години за правење пица. И додека над 2.400.000 денари ги доделуваат за грант за рецепта за пица како да е најголема иновација, истата таа рецепта можете да ја најдете на десетици пребарувачи на интернет. На Гугл да пишат одма ќе им излезе, тврди Арсовски.

Поврзани новости