Арсовски: Би било кукавички чин Мицкоски да си даде оставка

by fokus

Би било кукавички чин лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да даде оставка, во околности кога Зоран Заев и СДСМ буквално ја тероризираат и ја крадат цела држава, изјави денеска портпаролот на опозициската партија Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање, дали Мицкоски ќе поднесе оставка по изборниот пораз на што секојдневно го повикуваат од СДСМ.

Арсовски рече дека ова прашање е завршена тема и дека ќе се фокусираат на криминалот кој што го правел СДСМ.

Претходно и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјавуваше дека би бил кукавица ако ја изневери довербата што ја добил.

Поврзани новости