Пред една недела, вицепремиерот Кочо Анѓушев излезе на говорница и рече дека му било чест и задоволство и голема радост што фондот за иновации делел 10,5 милиони евра, но како нема да му биде кога на фирма каде тој е сопственик добива 160.000 евра, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
-Има ли некој што не би бил толку радосен кога би си доделил самиот на себе 160 000 евра пари на граѓаните за проект кое што се нарекува “ја лееме нашата иднина”. Да, точно е! Тие ја залеаја и нивната, но и иднина на нивните семејства за идните генерации заедно со неговиот кум, кој што исто така е сопственик во истата фирма. СДСМ ветуваа грантови од 10.000 евра за секој млад човек, а на крајот си ги поделија парите за себе – рече тој.
Според него, во случајов се работи за клсичен судир на интереси, поради што на Анѓушев му се заканува затвор од најмалку 3 години.