Арсовска за Кисела Вода вети повеќе зеленило отколку бетон

by Fokus

Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска денеска при посета на скопската општина Кисела Вода разговараше со граѓаните за проектите од изборната програма предвидени за нивната општина.

За жителите на Кисела Вода, голем проблем е прекумерната градба на нови згради со што им се окупира животниот простор, се намалуваат зелените површини, а и се намалува капацитетот на паркинзи. Поврзување на Кисела Вода со велосипедска патека, чистење на дивите депонии низ целата општина како и изградба на директна патна поврзаност со Аеродром, вети Арсовска.

Арсовска во директен разговор со нив ги претстави проектите од својата изборна програма кои се изградени токму врз основа на овие проблеми, како создавање на еден од петте мега паркови токму во Кисела Вода, како и повеќе монтажни паркинзи со што значително ќе се реши проблемот со узурпирање на просторот меѓу зградите и на тротоарите.

 

 

Поврзани новости